Реконструираниот аеродром „Александар Велики“ во Скопје, наместо на годишнината од Денот на независноста, 8 Септември, како што првично беше најавено, официјално ќе биде пуштен во употреба два дена порано, на 6 септември. Од кои причини свеченоста е поместена од најавениот датум, вчера не одговорија ниту од концесионерот ТАВ, ниту, пак, од Министерството за транспорт и врски, иако новиот датум е истакнат на веб- страница на ТАВ. Дека аеродромот ќе профункционира токму на 8 Септември најави главниот извршен директор на турскиот концесионер, Сани Шенер, во април, на свеченото отворање на охридскиот аеродром „Св. апостол Павле“. Тој тогаш посочи дека градежните работи се одвиваат забрзано и отворањето, наместо на првично утврдениот датум, 21 октомври, ќе биде подарок токму за Денот на независноста...
Реконструираниот аеродром „Александар Велики“ во Скопје, наместо на годишнината од Денот на независноста, 8 Септември, како што првично беше најавено, официјално ќе биде пуштен во употреба два дена порано, на 6 септември.
Од кои причини свеченоста е поместена од најавениот датум, вчера не одговорија ниту од концесионерот ТАВ, ниту, пак, од Министерството за транспорт и врски, иако новиот датум е истакнат на веб- страница на ТАВ.
Дека аеродромот ќе профункционира токму на 8 Септември најави главниот извршен директор на турскиот концесионер, Сани Шенер, во април, на свеченото отворање на охридскиот аеродром „Св. апостол Павле“. Тој тогаш посочи дека градежните работи се одвиваат забрзано и отворањето, наместо на првично утврдениот датум, 21 октомври, ќе биде подарок токму за Денот на независноста.
Од Министерството вчера соопштија дека се информирани од концесионерот ТАВ оти активностите за реконструирање и модернизација на „Александар Велики” ќе завршат пред истекот на крајниот рок на 21 октомври, но, како што велат, за точниот термин на свеченото пуштање во употреба, јавноста ќе биде навреме информирана.